Терористички напад се случи во срцето на Лондон, пред Парламентот. Се поретпоставува дека се работи за еден напаѓач кој од возилото во кое што бил рафално пукал кон минувачите кои се наоѓале пред парламентот и на мостот Вестминистер пред да удри во заштитна ограда.
Според неофицијалните информации пренесени од страна на Британските медиуми, досега загинале четири лица кои се наоѓале пред Британскиот парламент и на мостот Вестминистер во центарот на Лондон.
Меѓу загинатите е една жена и еден полицаец. Се уште се утврдува идентитетот на другите загинати.
Покрај загинатите, медиумите пренесуваат дека има над 20 повредени а властите во Лондон стравуваат дека бројот на загинати ќе се зголемува.
Информациите кои доаѓаат од Британија велат дека Премиерката на Британија Тереза Меј во моментот кога почнало пукањето излегувала од Парламентот и влегувала во службениот автомобил. Се шпекулира дека целта на напаѓачот сепак не била Британската Премиерка ниту пак Британски политичари.
Нападот во Лондон, доаѓа на годишнината од терористичките напади во Брисел.