Британската премиерка Тереза Меј е на безбедно место откако напаѓачот беше застрелан во близина на Парламентот од полицијата.

Портпаролот на Меј не одговори каде била премиерката за време на нападот, иако Британските медиуми излегоа со информации дека токму за време на нападот, Меј излегувала од зградата на Британскиот парламент.

Од досегашните информации, четири лица се убиени а над 20-тина се ранети во терористичкиот напад во срцето на Лондон.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2017 22:38