Британскиот пратеник Тобијас Елвуд, кој се обиде да го спаси прободениот полицаец пред Парламентот, медиумите го прогласија за „апсолутен херој“.

На фотографиите се глада како Елвуд, поранешен војник и член на Конзервативната партија, му дава вештачко дишење на избодениот полицаец и се обидува да му го запре крварењето. Полицаецот подоцна почина.

Братот на пратеникот, Џон Елвуд убиен е во 2002 година во бомбашкиот напад на Бали.

Во денешниот напад во Лондон загинаа четири лица, меѓу кои еден полицаец и напаѓачот, а 20 луѓе се повредени.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2017 22:42