Британската полиција утринава изврши рација во една куќа во Бирмингем во врска со нападот во Лондон и уапси седум лица, објавија британските медиуми.

Скотланд јард соопшти дека биле уапсени седум лица на шест различни локации.

– Пребаравме шест адреси и упасивме седум лица. Рацијата во Бирмингем и во други делови на земјата ќе продолжи – изјавил шефот на службата за борба против тероризмот, Марк Роули.

Полицијата не го откри името на напаѓачот, но Роули изјавил дека полицијата го знае неговиот идентитет, како и тоа дека нападот го извршил бидејќи бил поттикнат од „меѓународниот тероризам и од радикален ислам“.

Во вечерашниот напад во близина на британскиот парламент убиени се пет лица, а 40 се ранети.

Напаѓачот најпрво со автомобил се втурнал во група пешаци на мостот што води до парламентот, а потоа со нож прободел полицаец пред Вестминстер. Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата. / Мета



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2017 17:10