Во италијанскиот главен град Рим утре ќе се одржи самит на Европската унија на кој треба да се роди нова ЕУ со 27 членки.

Според дипломатски извори до Брисел, целта на собирот ќе биде обновената интеграција која во својот фокус да го има единството, а не создавањето на Европа на повеќе брзини.

Самитот во главниот град на Италија ќе се одржи по повод 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор на кој се темели денешната ЕУ.

Се очекува лидерите на 27 земји да ги истакнат достигнувањата од Римската декларација во досегашните европски интеграции и да дадат насоки за идната ЕУ.

– Клучната порака од Рим треба да биде порака за единство, новото бебе треба да се нарекува единство, а не Европа со повеќе брзини, изјави дипломатски извор, додавајќи дека Европа со повеќе брзини треба да биде „предупредување, а не цел”.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2017 11:38