Германската канцеларка Ангела Меркел изјави за германскиот весник Пасауер Ноје Пресе дека не стравува дека после Брегзит и други земји ќе одлучат да ја напуштат Европската унија.

– Не, државите членки секако имаат различни идеи за иднината, но патот кон напред е јасен: повеќе соработка, одговори Меркел на прашањето дали стравува дека други членки ќе ја напуштат Унијата.

– Работата во идните години ќе се движи во двете насоки. Од една страна се преговорите за излегување од ЕУ со Велика Британија, а од друга страна разгледување како ЕУ со 27 членки ќе се подготви за иднината, ја пренесува Хина изјавата на Меркел за денешното издание на овој германски весник.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2017 15:50