Претседателот на американскиот конгрес, Пол Рајан, го повлече законот на Доналд Трамп за здравственото осигурување со кој што требаше да се замени Обамакер.

Трамп уште вечра најави дека ќе се откаже од реформите во здравството доколку не добие доволно гласови.

По драматичниот ден на Капитол Хил, Рајан лично му кажал на Трамп дека законот нема доволно гласови за да помине. Републиканците веќе седум години, односно од стапувањето на сила на Обамакер, бараат начин како да го укинат и заменат со нов закон.

Одлуката за повлекувањето на новиот закон значи дека Обамакер се уште останува на сила.

Оваа одлук е голем пораз за Доналд Трамп, кој претходно ги повика републиканците да го поддржат неговиот план за здравствени реформи и да го отфрлат „Обамакер“, предупредувајќи дека во спротивно ќе ја изгубат секоја можност да го реформираат.

Трамп во моментов се наоѓа во незавидна позиција, бидејќи членовите не неговата партија му го завртија грбот. Во слична позиција е и претседателот на конгресот, Пол Рајан, а прашање е кој од нив двајца ќе ја превземе вината за овој неуспех.

Укинувањето и заменувањето на Обамакер беше едно од главните предизборни ветувања на Доналд Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2017 16:34