Австрија планира да се повлече од Договорот на Европска унија за прераспоредување на мигрантите во земји од ЕУ, најавија австриски владини претставници.

Таквата одлука може да биде одобрена утре од Владата на Австрија.

Во 2015 година ЕУ одлучи до септември 2017 година, 160.000 имигранти кои пристигнале во Италија и во Грција да бидат прераспоредени во други земји-членки на Унијата. Досега се прераспоредени помалку од 15.000 лица.

Австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил, кој е иницијатор на одлуката, изјави дека земјата треба да се повлече од договорот. Неговото образложение е дека Австрија веќе примила пропорционално поголем број бегалци во споредба со други земји-членки на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2017 08:12