Силниот циклон од четврта категорија наречен Деби, ги оштети покривите и електричните водови на островот Витсандеј, движејќи се кон северниот брег на Австралија.

Забележани се налети на ветрови со брзина и до 250 километри на час и обилни дождови во Квинсленд, соопшти Австралиското биро за меторологија.

Заменикот-комесар на австралиската полиција Стефан Голшевски изјави дека извештајите за штетите се уште се пристигнуваат.

– Добиваме информации за оштетени покриви, вклучително и на нашите згради во Витсандеј, нагласи Голошевски.

Тој ги предупреди жителите од местата каде што се движи циклонот дека ќе бидат заробени во нивните домови и оти се очекуваат големи поплави.

Претставник на островот Витсандеј наведе дека 10.000 домови се останати без електрична енергија.

– Циклонот го зафаќа целиот регион, не само островот. Јачината на циклонот, за жал, допрва ќе ја почувствуваме, објасни тој.

Вчера, илјадници лица беа евакуирани од крајбрежната линија, каде се очекува да биде најголема силата на циклонот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2017 09:57