Шест месеци пред парламентарните избори во Германија, најновата анкета на јавното мислење покажува дека демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдеморкатите на Мартин Шулц имаат изедначени резултати.

Според анкетата, која агенцијата ИНСА ја спроведе за весникот „Билд“, ЦДУ доби еден процентен поен повеќе од претходно и сега има 32 отсто поддршка, додека поддршката за СДП е непроменета и изнесува исто така 32 отсто.

Десничарската Алтернатива за Германија има поддршка од 11 отсто, Левицата 8,5 отсто, а Зелените 6,5 проценти.

Анкетата, во која од 24 март до денеска учествуваа 2.034 луѓе, е спроведена еден ден откако конзервативците на канцеларката Меркел победија на регионалните избори во покраината Сар.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2017 10:11