Париските градски власти донесоа одлука Ајфеловата кула да добие заштитна облога од блиндирано стакло на две нејзини страни, заради опасноста од идни терористички напади, пренесе БТА.

Парискиот Општински совет едногласно го прифати проектот за заштита на кулата вреден 20 милиони евра. Според текстот на решението, тоа е „неопходно поради особено високата терористичка закана” во иднина.

Ќе се вметнат и заштитни прегради, како и метални и бетонски огради кај контролните пунктови. По патиштата кон и околу кулата ќе се монтира и систем за видео надзор.

Се предвидува проектот да биде готов во второто тримесечје на 2018.

Во 2015 година, Ајфеловата кула ја посетиле приближно седум милиони луѓе, а во 2016 речиси шест милиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2017 12:10