Неидентификувани лица го нападнале конзулатот на Полска во западниот украински град Лутск, при што се оштетени кровот и прозорците, јавија локалните медиуми.
Дневникот „Волин24“ пишува дека нападот се случил околу полноќ и оти нема повредени лица.
Украинската полиција се уште се нема огласено за инцидентот и не е познато дали врз конзулатот е гранатирано или врз него е стрелано со огнено оружје.