Европскиот парламент во предлог ставот што го зазема по повод за денешното отпочнување на процесот на излегување на Велика Британија од Европска унија наведе дека одлуката за Брегзит може да биде отповикана.

Во предлогот се наведува дека би требало да постојат транзициски ангажмани со цел да се олесни процесот на излегување, но оти тие не би требало да траат подолго од три години.

Во предлогот е наведено и дека поради Брегзит агенциите на ЕУ, кои во моментот имаат седиште во Лондон, како Европска банкарска управа и Европска агенција за лекови, ќе мора да се дислоцираат од главниот град на Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2017 19:51