Македонскиот виолинист и промотор на македонската изворна песна, маестро Зоран Џорлев годинава одбележува 40. години од неговото дејствување на полето на музиката.

Џорлев виолинската приказна ја започнува во 1977 година кога на 10- годишна возраст ја освојува првата републичка награда во тогашната СФРЈ.

Неговото име е познато на македонската јавност и ширум светот, како директор на националниот ансамбл „Танец“, првата македонска виолина и автор на незаборавните телевизиски емисии „Зора зори“, „Зајди зајди“ и „По патот на песната“.

Во рамки на јубилејот маестро Зоран Џорлев подготвува повеќе настани, меѓу кои издавање на ново ЦД со обработки на македонски забавни песни и ЦД со обработки на најпопуларните новогодишни композиции во нови атрактивни аранжмани, концерт во рамки на Скопско лето и концерти од различен жанр на повеќе локации низ Скопје и Македонија.

Како најголем настан и заокружување на 40-годишната работа е предвиден голем јубилеен концерт со повеќе македонски и странски гости кој ќе се одржи кон крај на годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2017 11:35