Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ од утре ќе нуди бесплатен интернет во авионите што патуваат за САД. Оваа понуда ќе важи за патниците кои поседуваат електронски уреди што се поголеми од мобилните телефони, пишува „Хуриет дејли њуз“.
- Компанијата „Туркиш ерлајнс“ ќе нуди беспатен Ви-Фи во авионите што летаат за САД, за патници кои на вработените ќе им предадат лаптопи и таблети, посочи на Твитер генералниот директор на авиопревозникот Балјал Екши.
Авиокомпанијата презеде повеќе мерки, со цел да се избегнат потенцијални загуби поради забранта, што е воведена од САД и Велика Британија за превоз на големи електрични уреди во кабините на авионите.
На 25 март вработените во „Туркиш ерлајнс“ започнаа да ги одземаат таблетите и лаптопите на патниците во авионите што патуваа за САД и Велика Британија.
Компанијата посочи дека гарантира оти електричните уреди на патниците нема да бидат оштетени или изгубени.