Германската војска објави почеток на работа на својата „сајбер-армија“, која ќе биде заедно со копнените и ВВС, како и ВМС, и ќе има задача да ги заштитува германските вооружени сили од сајбер напади.

Официјалното име е Команда за сајберпространство и информации. Ќе ја предводи генерал Лудвиг Лајхнос, а седиште ќе се наоѓа во Бон.

Првично нивната бројност ќе биде 260, а целосно комплетирана треба да има 13.500 луѓе – цивили и воени лица. Всушност, таа цифра ќе биде иста колку и бројноста на ВМС.

Германија е прва држава од НАТО каде ќе постои „сајбер-армија“.

Според германското Министерство за одбрана, во првите девет недели од оваа година германските вооружени сили биле мета на 284.000 сајбернапади, но не се констатирани штети.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2017 13:39