Поранешниот советник на американскиот претседател за национална безбедност, Мајкл Флин, заработил над 1,3 милиона долари од својата работа како лобист за политички групи и владини подизведувачи, како и од јавни изјави за руски компании и лобирање за турска фирма, пренесе ТАСС.

Финансиската историја на Флин, која се води од 2014 година, вчера и стана достапна на јавноста, откако Белата куќа ја лиферуваше даночната декларација за неговите приходи. Таа беше објавена откако Флин побара имунитет од судско гонење во замена за соработка со комисиите на Конгресот, кои ги истражуваат врските од 2016 година меѓу Русија и предизборната кампања на претседателот Доналд Трамп.

Флин декларирал приходи од над 827.000 долари, што ги добил за својата работа во консултантската компанија „Флин интел груп“ (Flynn Intel Group), формирана од него и неговите партнери, во 2015 година. Оваа структура официјално беше прогласена за „странски агент“ откако призна дека од нејзиното лобирање минатата година веројатно заработила турската Влада, и тоа во момент кога Флин го советувал Трамп во неговата претседателска кампања.

На списокот на негови клиенти посочени се, исто така, и американската банка „Велс Фарго“ (Wells Fargo), банкарскиот холдинг „Морган Стенли“ (Morgan Stanley), софтверската компанија „Адоуб“ (Adobe) и многу други организации и фондови.

Флин држел говори за нив и им бил советник, забележува ТАСС.

Телевизијата RT, која е финансирана од Кремљ, и авиокомпанијата „Волга-Днепр“, исто така, се меѓу фирмите, за кои поранешниот службеник на Белата куќа имал обврски да лобира.

Во формуларот, меѓутоа, не се прецизира колку му било платено, а говорите биле ставени во разделот „ извори на награди над 5.000 долари за една година“, забележуваат британските медиуми.

Говорите не се ставени во неговата електронска пријава, потпишана од Флин на 11 февруари, која Белата куќа. исто така, вчера ја објави.

Несогласноста во пријавата на приходите, поврзани со Русија, на Флин може да му создаде судски проблеми, посочуваат британските медиуми.

Во друг документ до американското Министерство за правда минатиот месец Флин и неговата компанија пријавиле 530.000 долари приход од лобирање за турската компанија Иново (Inovo BV), сопственост на бизнисменот Еким Алтекин.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2017 22:19