Криптовалутите, од кои најпознат е биткоинот, од вчера се официјално средство за плаќање во Јапонија. Парламентот на Јапонија вчера изгласа закон за валутна регулација, во кој стои дека криптовалутата има функција на валута во Јапонија, но дека официјална парична единица е само јенот.

За редица прашања што оваа измена ги отвора засега нема одговор. Тие се однесуваат главно на даночните обврски и на постапките при користење на виртуелната валута.

Според институтот „Фуџи кајмера“, обемот на користење на криптовалутите во Јапонија во 2015 година изнесува 1,67 милијарди долари. Експерти сметаат дека до 2020 година, тој износ ќе се зголеми десеткратно, а според проценките, најмногу ќе се зголеми износот на мобилни плаќања во интернет-продавниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2017 12:56