Швајцарскиот тенисер Роже Федерер изјави дека веројатно ќе направи пауза по освојувањето на Мастерсот во Мајами и ќе ја пропушти целата сезона на тревата.

Федерер вчера го освои и вториот Мастерс во сезоната со победата над Рафаел Надал во финалето (6:3, 6:4), по што изјави дека речиси е извесно дека нема да игра до Ролан Гарос.

Четвртиот играч на АТП-листата, кој сезоната ја почна на 17-тата позиција, игра во неверојатна форма од самиот старт – ги освои Отвореното првенство на Австралија и Индијан Велс пред Мајами, а успеа да врзе четири триумфи над Надал, што никогаш во кариерата не му се случило.

„Сега повеќе ќе размислувам за одмор, тоа ќе биде поради превентива. И понатаму можам да го променам распоредот ако нешто зажалам, но веќе сум одлучил. Немам веќе 24 години, морам да ги избирам моментите кога ќе бидам на врвот и да се обидам да останам здрав. Исто така, минатата година коленото се однесуваше чудно на тревата, па прескокнувањето на сезоната ќе биде добра работа за тоа. Иако мислам дека тоа не се случуваше поради тревата, но мојата лекарска екипа смета дека таквиот избор е позитивен. Сигурен сум во својата одлука, размислував со тимот да ја променам по освојувањето на Индијан Велс, но на крајот на денот, морам да размислувам за здравјето.. Морам да бидам задоволен во сите сегменти на својот живот – лични, приватни, професионални, со животот на теренот. Не можам да го издржам ваквиот ритам секој ден – желбата едноставно ќе исчезне. Подобро ќе одам чекор по чекор и ќе играм со многу задоволство и со многу енергија. Тогаш ќе можам тоа да го делам со сите. Во спротивно – единствено што ќе го видите е тоа дека јас само сакам да излезам на теренот. Не сакам да бидам таков човек, навистина не сакам“, изјави Федерер.

Тоа значи дека Швајцарецот ќе ги прескокне турнирите на Мастерс во Монте Карло, во Мадрид и Во Рим.

„Во Цирих на десетти мај ќе играм натпревар за Африка, а потоа се радувам што ќе се вратам во салата за вежбање и што ќе работам на сегментите на коишто не можев да се посветам последните месеци. Во следните месеци ќе тренирам веројатно на тврди терени, а на тревата ќе се префрлам две седмици пред Париз. Тоа е планот засега. Би требало да играм на Ролан Гарос, но ќе видиме како ќе се одвива сите работи. Јасно е дека за мене сезоната дури тогаш почнува. Вимблдон е најголемата цел во блиска иднина, а потоа и турнирите во склоп на американската турнеја. На Ролан Гарос нема да бидам под притисок бидејќи нема да имам никаква подготовка, но сезоната на тревата ми е многу важна бидејќи играм во Штутгарт и во Хале. Исто така, добро стојам на рејс-листата за Завршниот Мастерс во Лондон, каде што порано имав многу успеси. Ги сакам внатрешните услови, па тоа ќе биде приоритет во другиот дел од сезоната. Поради тоа правам пауза“, додаде Роже.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2017 18:39