По притисокот кој што следуваше од медиумите и од социјалните мрежи по неискажувањето сочуство за жртвите од терористичкиот напад во Санкт Петербург, градските власти на Париз соопштија дека вечерва на полноќ ќе ги изгаснат светлата на Ајфеловата кула.
Во последните месеци, Париз изразуваше сочуство и почит кон жртви од повеќе терористички напади, гасејќи ги светлата на Ајфеловата кула, па отука разбирливе беа коментарите кога тоа не беше направено вчера по нападот во Русија.
Критика до градоначлничката на Париз, Идалго, упати и кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен.
Иако првично од градските власти немаше никаква реакција, Идалго денеска соопшти дека вечерва ќе се испочитуваат жртвите од Санкт Петербург.
Руските медиуми упатија слични критики до повеќето европски градови, кои претходно беа први во јавното искажување сочувство, но по нападот во Санкт Петербург сите останаа неми.