Снимките и информациите од северозападната сириска провинција Идлиб покажуваат дека сириската Влада употребила хемиско оружје во денешниот напад, што Анкара го смета за јавно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, соопшти турското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми.
Министерството ја повика Организацијата за забрана на хемиските оружја (ОЗХО) под итно да отвори истрага, а „земјите кои имаат влијание врз сирискиот режим“, да помогнат да се заврши „тешкото прекршување на примирјето“.
Во нападот, што се смета дека е извршен од сириски владини авиони, убиени се најмалку 58 лица, вклучувајќи и 11 деца под осумгодишна возраст, наведуваат Сирискиот центар за мониторинг на човековите права и медицински извори.
Сириски воени извори категорично демантираа дека армијата употребиле хемиско оружје.