Министерството за одбрана на Русија тврди дека само 23 од 59 ракети испукани од американските воени бродови на сирската воздухопловна база, ја погодиле целта. Ова го наведе потпаролот на министерството генерал мајор Игор Конашеков, повикувајќи се на податоците собрани од руските сателити.
- Местото на падот на останатите ракети не е познато, вели Конашенков.
Министерството за одбрана на Русија соопштило дека ракетниот напад на САД на сирскиот аеродром одамна е подготвен. Кремиљ оцени дека овој чин е всушност поддршка на терористите.
- Тие не се потрудија нешто да дознаат, САД демонстрираше сила, воено и се спротистави на земјата која се бори против меѓународен тероризам, се наведува во соопштението на рускиот министер.