На жителите на Пекинг денеска им е понудена награда од 500 илјади кинески јуани (68.470 евра) за пружање помош на властите за да се осуетат активностите на инфилтрираните странски шпиони.
Граѓаните би можеле да ја добијат оваа сума пари доколку на властите им достават податоци за инфилтрирање, поткопување или кражба на информации, пишува весникот „Гардијан“.
Оваа иницијатива била објавена во гласилото на Комунистичката партија како дел од новата кампања против странските шпиони.
Претставници на Службата за јавна безбедност во соопштение наведоа дека се надеваат оти обичните граѓаните ќе им помогнат да изградат „Голем ѕид“, кој би помогнал Кина да се заштити од „предавниците и шпионите“.
Граѓаните, кои ќе пружат информации, кои играат особено голема улога во спречувањето на шпионските мисии ќе бидат наградени со суми од 100.000 (13.690 евра) до 500.000 јуани (68.470 евра).