Германското воено контраразузнавање води истрага за идентитетот на 275 припадници на националната армија кои што се сомничат за користење на изреката „Хајл Хитлер“. Германските медиуми објавуваат дека истрагата е потврдена од страна на Министерството за одбрана на Германија која за овој чекор преку писмо го иннформирала сојузниот парламент, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според писмото, 143 случаи на користење на изразот со кој се величи нацистичкиот лидер Адолф Хитлер биле забележани лани, а во текот на оваа година миннистерството добило информации за уште 53 случаи. Во писмото образложение испратенео до БУндестагот се вели дека во голем број на инциденти припадници на армијата изведувале нацистички поздрав кој вклучувал и салутирање кон војници или други припадници на армијата со странско потекло. Во Германија е забрането прикажување на нацистички симболи и салутирање по принципот на нацистите.
Еден од инцидентите за кој се води истрага е „Случајот 29“ во кој војник ги употребувал фразите кои се употребувале во нацистичка Гермнаија „Хајл Хитлер, Да живее нашиот водач, победа за нас“.
Случајот е предаден на воениот обвинител и канцеларијата на јавното обвинителство но засега сторителот сеуште е во активна воена служба, се вели во писмото од минстерството за одбрана.
Во друг случај, војник кој станал симпатизер на неонацистичката Национално Демократска партија (НПД) преку социјалната група „Фејсбук“ ширел нацистички пораки преку кои меѓу другото барал смртна казна за “Типични странци“. Овој војник според писмото на Бундесверот добил само дисциплинска казна но не го загубил работното место.
Во трет случај на еден војник кој за време на патување во главниот град на Летонија, Рига извел нацистички поздрав му било дозволено да го задржи своето оружје.
Во јануари германскиот уставен суд не ја забрани партијата НПД за своите неонацистички политики поради тоа што уставните судии сметаа дека таа е премогу слаба за да ја загрози германската демократија.