На словачките медиуми, кои известуваат за процесот на Брегзит, им се заканува казна од 6.600 евра за користење на неофицијалното, но општо познато име за таа држава – Британија, наместо официјалното име – Обединето Кралство.

Словачките медиуми беа опоменати од државната агенција задолжена за спроведување еднообразна употреба на официјални имиња на држави во публикации, врз основа на закон од 1995 година.

Истовремено, британската Амбасада во Словачка соопшти дека нема ништо против употребата на „Британија“ во словачките медиуми.

Во писмо до сите словачки медиуми, Управата за геодезија, картографија и катастар ги предупреди медиумите дека постојано го кршат законот со користење на „Британија“ или „Велика Британија“ кога известуваат за Брегзит, наместо да го користат називот „Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2017 20:44