Навивачите на Арсенал не паметат кога нивниот клуб последен пат забележал четири последователни порази.
Тоа му успеа на сегашниот тим на Арсен Венгер, кој вчера доживеа нов срам и изгуби на гостувањето кај Кристал палас.
Тео Волкот, кој ја носеше капитенската лента на споменатиот натпревар, во изјавата за медиумите не го криеше своето разочарување.
„Најлошо е кога ќе ги разочарате своите навивачи. Ова вечерва воопшто не беше Арсенал. Ова не сме ние. Ги изневеривме очекувањата на навивачите“, изјави капитенот на Арсенал.
„Мораме да одговориме на вистинскиот начин. Мислевме дека сме на вистинскиот пат по ремито со Манчестер сити, но изгледа дека не е така. Не излегуваме на теренот за да ги губиме натпреварите. Можеме само да упатиме извинување“, изјави Волкот по синоќешниот пораз на неговиот тим со резултат 3-0.