Македонската опера и балет соопшти дека мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески повторно ќе биде на репертоарот поради голем интерес од публиката. Изведбите се закажани за 19-ти, 20-ти и за 21 април.
Во претставите на 19-ти и на 21 април главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, а на 20 април Гиговска ќе настапи со Денис Димовски.
Во останатите улоги се: Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Десанка Глигоријевиќ, Тони Михајловски, Тања Бојковска, Мила Николовска, Ристе Гавровски, Симеон Коруноски, Лазе Манасковски, Симон Манасковски, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, и Калеша Џангаловска Настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ, а диригент е Иван Еминовиќ.
МОБ информира дека билетите за овие претстави се пуштени во продажба по цена од 600 денари на билетарницата на МОБ, во Југотон ГТЦ и во сите продавници на Нептун низ Македонија, како и електронски на mob.com.mk и karti.com.mk.