Шпанската Валенсија официјално го откупи договорот на напаѓачот Симоне Заза од Јувентус за 16 милиони евра.
Репрезентативниот голгетер на „аѕурите“ дојде на заем на „Месталја“ во јануари, а официјално играч на „лилјаците“ стана два дена откако со двата гола на Валенсија ѝ донесе победа на гостувањето во Гранада (3-1).
Заза во официјална сопственост на Валенсија ќе биде од први јули, а договорот го потпиша до јуни 2021 година.
Освен 16-те милиони кои ќе ги инкасира налето, Јувентус може да заработи и дополнителни два во зависност од бонусите.