Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако кој требаше да се одигра вечерва е одложен поради безбедносни причини.

Како што објави весникот „Билд“, експлозија се случила на само 10 километри од стадионот и тоа во моментот кога автобусот со играчите на Дортмунд се движел кон стадионот. Според првичните информации фудбалерот на Дортмунд Марк Бартра заработил повреда и е пренесен во болница.

Полицијата веднаш излегла на терен а во текот на вечерта се очекува да се добијат официјални информации дали станува збор за терористички напад.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2017 18:38