Десетици илјади Унгарци протестираа против владата на Виктор Орбан во Будимпешта поради нападите над невладините организации и универзитетот кој е финансиран од страна на американскиот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос.

Дел од демонстрантите се судрија со полицијата по завршувањето на протестот, откако се обидоа да се пробијат до седиштето на партијата на Виктор Орбан.

Учесниците на протестите, истакнуваат дека „им е доста од владата на Орбан“. „Многу во селата не знаат што се случува во градовите бидејќи државните медиуми ја сокриваат вистината“, рекол еден од учесниците на протестите.

Поголем дек од демонстрантите се млади луѓе кои повторуваа дека “Не сакаат влада која го пресликува моделот на Владимир Путин во унгарското општество“.

Американскиот Стејт Департмент побара од унгарската влада да го повлече законот со кој се ограничува академската слобода и се врши прогон кон граѓанските организации. Визијата на Џорџ Сорос за отворено општество силно се судира со погледите на конзервативниот унгараски премиер кој во граѓанските организации гледа непријатели на државата.

Протестот се одржува и покрај фактот дека унгарската влада во среда објави дека постои начин за Централноевропскиот универзитет (CEU) да продолжи со работата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2017 14:03