Романија е на прво место во Европа според потрошувачка на незаконски произведен алкохол, јави денеска Аџерпрес, повикувајќи се на извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Стапката на консумација на регистриран алкохол во Романија, пак, е за 42 насто под европската, се наведува во истражувањето.

Од Националната агенција за даночна администрација изразија подготвеност на соработка со производителите на алкохолни напитоци во борбата со црниот пазар за алкохол, кој секако предизвикува и штетни последици по романскката економија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2017 14:55