Анкетата на социолошката агенција Гезиџи прогнозира поддршка од 51,3 отсто за уставните реформи, кои ќе бидат ставени на референдум во Турција оваа недела и ќе му дадат поголеми надлежности на претседателот на државата.

Според анкетата со „не“ на референдумот ќе одговорат 48,7 отсто од Турците.

Анкетата е спроведена на примерок од 1.400 лица во десет окрузи на земјата на 8 и 9 април.

Две други истражувања објавени денеска покажуваат дека на референдумот „да“ ќе кажат меѓу 51 и 52 отсто од граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2017 16:40