Асоцијацијата на професионални фудбалери го соопшти списокот со номинирани играчи коишто влегле во потесниот избор за најдобриот во сезоната на Премиер лигата.
ПФА, која е најстарата синдикална организација на фудбалерите на светот, за признанието ги предложи фудбалерите: Еден Азар (Челзи), Златан Ибрахимовиќ (Манчестер јунајтед), Хари Кејн (Тотенхем), Ромелу Лукаку (Евертон), Алексис Санчес (Арсенал) и Н’голо Канте (Челзи).
Во конкуренција за најдобар млад фудбалер се: Деле Али (Тотенхем), Ромелу Лукаку (Евертон), Мајкл Кин (Барнли), Џордан Пикфорд (Сандерленд), Лерој Сане (Манчестер сити), Хари Кејн (Тотенхем).
Добитниците на признанието ќе бидат соопштени на 23-ти април, по гласањето на членовите на ПФА. Минатата сезона титулата за најдобар играч на сезоната ја понесе Ријад Марез, офанзивниот фудбалер на Лестер, додека за најдобар млад играч беше избран Деле Али.