Во второто по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување Лига Европа, синоќа се одиграа првите натпревари од четвртфиналната рунда.

Три од четирите средби завршија со победи на домашните екипи, додека единствено Анлерлехт не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен.

На дуелот во Белгија, тимот на Андерлехт одигра нерешено 1:1 против Манчестер Јунајтед и тоа благодарение на голот на Дендокер на четири минути пред крајот на средбата.

Натпреварот во Лион меѓу Олимпик и Бешикташ започна со големи немири на трибините, а по водството на гостите од Истанбул, домашните фудбалери за само две минути (83 и 84) направија комплетен резултатски пресврт и стигнаа до победа од 2:1.

Најсигурен беше Ајакс кој пред своите симпатизери го победи Шалке со 2:0, додека најмногу голови имаше во Виго каде Селта со 3:2 славеше триумф над белгиски Гент.

Реванш дуелите на програмата се во четврток (20 април).



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2017 15:47