Заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ханг Сонг Рјол изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп прави проблеми меѓу двете државаи, а не Пјонгјанг.

Во интервју пренесено од американски медиуми, тој оценува дека пораките на Трамп се проблематични, како и учеството на САД во воени вежби во Јужното Кинеско Море и испраќање нивни носач на авиони во тој регион.

– Трамп секогаш првоцира со своите агресивни зборови, изјави севернокорејскиот заменик министер.

Трамп синоќа испрати ново предупредување до Северна Кореја нарекувајќи ја „проблем“ за кој „ќе се погрижи“.

– Сега ние ја споредуваме политиката на Трамп против Северна Кореја со онаа на претходните администрации и сметаме дека оваа е полоша и поагресивна. Што и да кажат американските политичари ако нивните зборови имаат за цел соборување на системот на Владата во Пјонгјанг, ние тоа категорично ќе го отфрлиме, додаде тој.

Коментирајќи ги изгледите за војна, Ханг нагласи дека ако САД почнат воени маневри, Северна Кореја ќе одговори со превентивен удар.

– Што и да изберат САД, ние ќе се справиме со тоа и целосно сме подготвени за одговор, изјави Хан.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2017 17:18