И православните и католичките верници ширум светот одбележуваат Велигден, а по тој повод врховните поглавари на Руската православна црква и Римокатоличката црква одржаа богослужби.
Патријархот московски и на цела Русија Крил служеше синоќа полноќна литургија во храмот на Христос Спасителот. На литургијата присуствуваа и претседателот и премиерот на Русија, Владимир Путин и Дмитриј Медведев.
На синоќешната свеченост во Базиликата Свети Петар, папата Франциско им се обрати на верниците пред Велигден со порака дека не треба да се игнорираат маките на имигрантите, сиромашните и другите ранливи групи луѓе.
Истовремено, Коптите во Египет присуствуваа на велигденска миса со големи мерки на безбедност по неодамнешните смртоносни напади врз две коптски цркви во таа држава.