По триумфот на Манчестер Јунајтед со 2:0 над Челзи во дербито на англиската Премиер лига, одигран вчера на „Олд Трафорд“, менаџерот на Манчестер, Жозе Мурињо со измешани емоции на задоволство по победата над својот поранешен тим.

– Навистина сум радосен. Ве молам, немој погрешно да ме разберете, знам вие сакате интересни приказни, изјави Мурињо по натпреварот.

На инсистирање на англиските новинари дали задоволството на оваа победа за Мурињо е поголема, бидејќи се работи за триумф над некогашниот негов клуб, тој мораше да објасни.

– Не. Не чувствувам поголемо задоволство. Не сум среќен што тоа е Челзи, туку поради тоа што ни требаа овие три бода во трка за четвртото место, појасни Португалецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2017 08:20