Дел од навивачите на Бастија втрчаа во терен и ги нападнаа фудбалерите на Олимпик Лион кои некако успеаја да се повлечат во соблекувалната. Само присебноста на обезбедувањето и брзата реакција на гостинските навивачи кои се загреваа во пресрет на мечот, спречија поголем инцидент.
Натпреварот е во рамките на 33.коло од Лига 1 и почна со речиси еден час задочнување.
Пред неколку дена тепачката на француските терени се случи во Лион меѓу навивачите на истоимениот домашен тим и Бешикташ пред почетокот на средбата од Лига Европа.