Крег Шекспир, менаџерот на Лестер, изјави дека е задоволен од изданието на неговиот тим во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите и покрај елиминацијата.

По минималниот пораз во Мадрид, шампионот на Англија со Атлетико Мадрид одигра 1-1 и ја заврши одличната дебитантска сезона во елитното натпреварување.

„Целата беше сè што имаме да оставиме на теренот. Успеавме да го растресеме Атлетико со борбеноста и со посветеноста. Не е срамота да се изгуби од голем ривал“, изјави Шекспир.

Тој додаде дека смета дека „лисиците“ по голот на Џејми Варди за изедначување, ја презеле контролата, но едноставно не се можело повеќе.

„Не ни беше судено. Сите во клубот, навивачите, играчите и управата, мора да бидат исклучително горди“, додаде Шекспир.

Ждрепката за паровите во полуфиналето на Лигата на шампионите е во петок, а место меѓу најдобрите тимови обезбеди и актуелниот шампион на Европа, Реал од Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2017 11:54