Мануел Ноер, голманот на Баерн Минхен, го скрши стапалото на левата нога во реванш-натпреварот од четврт-финалето на Лигата на шампионите, во кој неговиот тим беше поразен од Реал Мадрид со 4-2 на „Сантијаго Бернабеу“.

Искусниот чувар на мрежата поради оваа повреда ќе го пропушти продолжението на сезоната.

Германецот повредата ја доживеа во продолжението на времето, во обидот да го одбрани третиот гол на Кристијано Роналдо. Од шампионот на Бундеслигата изјавија дека Нојер откако ќе се врати во Минхен, ќе мора да оди на дополнителни прегледи и дека закрепнувањето ќе зависи од тоа.

Поради повреда на стапалото, Нојер претходно пропушти два натпревари на германското првенство, а на теренот се врати токму за дуелите против Реал од Мадрид.

До крајот на сезоната, на Баерн му остануваат уште пет натпревари во домашниот шампионат, каде што се наоѓа на водечката позиција, како и натпреварите од Купот на Германија, каде што во полуфиналето ќе се сретне со Борусија од Дортмунд.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2017 19:00