Еден полицаец е убиен, а уште двајца се ранети во нападот на Шанзелизе во центарот на Париз.
Напаѓачот е убиен, а француската полиција трага по можни соучесници. Според првичните информации се работи за терористички чин.
Елисејските полиња, каде се случил нападот се целосно затворени од полицијата, а на граѓаните им се советува да го избегнуваат центарот на Париз. Според извештаите, најверојатно се работи за еден напаѓач вооружен со автоматско оружје, иако има информации и дека се трага по уште еден соучесник во нападот.
„Според информациите со кои располагаме полицајците биле цел на напаѓачот“, изјави портпаролот на француското министерство за внатрешни работи Пјер-Анри Бранде. Напаѓачот кој отворил оган кон полицајците е убиен, тврди агенцијата Ројтерс. На снимките на социјалните мрежи може да се забележи големо полициско присуство на најпознатиот париски булевар, а хеликоптери го надлетуваат градот.