Еден од двајцата полицајци ранети во престрелката што се случи вечерва на Шанзелизе во Париз им подлегнал на повредите, јавија француските медиуми.
Друг полицаец претходно беше убиен од напаѓачите, кои со возило застанале до полициско комби и почнале да пукаат во полицајците.
Француското обвинителство соопшто дека канцеларијата за антитероризам отворила истрага.
Меѓутоа, три полициски извори рекле дека престрелката можеби била обид за оружен грабеж, пренесува Ројтерс.
„Излегов од продавницата Сефора и одев по тротоарот каде што беше паркирано ауди 80. Еден човек излезе од него и почна да пука со калашников кон полицаецот“, вели еден сведок за Ројтерс.
„Полицаецот падна. Слушнав шест истрели, ми стана страв. Имам двегодишно девојче и си мислев дека ќе умрам... Тој пукаше директно во полицаецот.“