Манчестер Јунајтед синоќа ја доби четвртфиналната пресметка со Андерлехт во Лига Европа, но по се изгледа на подолг рок го загуби првиот свој напаѓач Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот интернационалец го повреди коленото при еден доскок, а менаџерот Жозе Мурињо информира дека најверојатно се работи за посериозна повреда.
– Ќе мора да ги почекаме лекарските прегледи, но по се изгледа повредата не е од полесна природа. Јас сум менаџер, а не доктор, но најверојатно вестите ќе бидат негативни, изјави Мурињо.
Покрај Ибрахимовиќ, на синоќешниот дуел Мурињо остана и без Маркус Рохо кој исто така се повреди.