Пораснала поддршката за кандидатката за претседател на Франција од крајанта десница, Марин Ле Пен, покажа првата анкета направена по синоќешниот напад во Париз.

Сепак и покрај растот на поддршката за Ле Пен, Емануел Макрон се уште е во предност и според прогнозите лесно би победил во вториот круг.

Според анкетата на агенцијата Одокс, Макрон во првиот круг би освоил 24,5 отсто од гласвоите, каде што бележи намалување за 0,5 отсто од претходната анкета.

Ле Пен би избила на второто место со 23 отсто, што е за 1 отсто повеќе од претходно.

Макрон сега има добри изгледа да победи во првиот круг и да обезбеди влез во вториот, а спроед сите прогнози лесно би ја победил Ле Пен тогаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2017 12:40