Германската полиција приведе 26-годишен маж осомничен дека го извел бомбашкиот напад на автобусот со членовите на клубот Борусија Дортмунд, соопшти денес германскиот обвинител и наведе дека неговиот мотив бил финансиски, а не терористички.
Сојузните германски обвинители наведоа дека Германецот со руско потекло, идентификуван како Сергеј В, денес бил приведен во квартот Тубинген. Го привеле припадници на специјалните полициски сили.
Како што наведоа, тој е осомничен дека делувал од финансиски причини и се шпекулирало дека вредноста на акциите на Дортмунд ќе паднат по нападот.
Еден играч на Борусија Дортмунд и полицаец се повредени во експлозијата на 11-ти април додека автобусот ги превезуваше играчите кон стадионот за натпреварот со Монако.
Инспекторите на лице место пронашле белешки во кои за нападот одговорноста ја презема Исламска држава, но ја довеле во прашање нивната автентичност.