Стотици илјади шиитски верници се собраа денеска пред мавзолејот на имамот Муса Казим во Багдад, за да ја одбележат смртта на седмиот од 12-те имами, кои се почитуваат во шиитскиот ислам.
Големиот број верници се обидоа да се приближат до репликата од ковчегот, кој беше превезуван по улиците до мазолејот на имамот во квартот Казамија.
Неколку милиони верници пристигнаа во Багдад изминатата недела за оваа церемонија.
Во градот се зајакнати мерките за безбедност поради стравувања дека сунитската џихадистичка организација Исламска држава, која ги смета шиитите за еретици, би можела да изврши напади.
Муса Казим починал во 799 година, откако според преданијата е затворен во затвор во Багдад и отруен од калифот Харун ал Рашид од династијата на Абасидите.