Рејтингот на американскиот претседателот Доналд Трамп во првите сто дена од неговото владеење достигна 42 отсто, што е најнискиот показател меѓу претседателите на САД од време на Двајт Ајзенхауер, покажува истражувањето на Еј-Би-Си и весникот „Вашингот пост“.
Истовремено резултатите од истражувањето покажуваат дека 94 отсто од оние кои гласале за Трамп не го промениле мислењето и по сто дена и натаму ја одобруваат неговата работа, а 92 отсто од поддржувачите на Хилари Клинтон исто така не го промениле мислењето.
Вкупно 53 отсто од анкетираните го сметаат Трамп за силен лидер, но 58 проценти не му веруваат.
Во анкетата, спроведена меѓу 17 и 20 април учествуваа 1004 лица.