На официјалната интернет-страница на Северна Кореја објавено е предупредување дека Пјонгјанг „ќе ги срамни со земја“ САД доколку Вашингтон почне војна на Корејскиот Полуостров.

Во неколку уводници кои се појавија во официјалното гласило на севернокорејската Работничка партија – „Родонг Сунмун“ се истакнува дека Пјонгјанг не се плаши од американската воена морнарица.

– Таквата закана можеби би ја уплашиле медузата, но никогаш нема да успеат со Северна Кореја, објави „Родонг Сунмун“.

Во уводникот се наведува дека доаѓањето на американските бродови се доказ дека се ближи инвазијата на Северна Кореја. Авторот на текстот оценува оти лоша е проценката на Вашингтон да ја споредува Северна Кореја со Сирија.

– Светот сега ќе биде сведок како нуклеарниот носач на авиони на САд се претвора во огромно количество челик закопано во оре и како земјата со има Америка ќе биде збришана од лицетот на Земјата, се посочува воо уводникот.

Весникот вчера објави дека револуционерните сили на Северна Кореја „борбено се подготвени да го потопат нуклеарниот носач на авиони на САД со еден удар“.

Американската амбасадорка во Обединети нации, Ники Хејли денеска не ја исклучи можноста за напад врз Северна Кореја од страна на САД доколку биде извршено тестирање на нова нуклеарна ракета.

Хејли во неколку интервјуа ја поздрави улогата на Кина, која се обидува да изврши притисок врз Северна Кореја да прекине со нуклеарните проби. Притоа упати критики до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, нарекувајќи го „нестабилен и параноичен“.

– Нема да направиме ништо доколку немаме причина за тоа, како што е нападот врз американската воена база или употребата на интерконтинентални балистички ракети, нагласи американската амбасадорка.

На прашањето што ќе се случи ако Северна Кореја повторно изврши ракетно тестирање, таа одговори дека „тогаш претседателот ги презема работите во свои раце и одлучува што понатаму“.

Северна Кореја често пати одбележува важни датуми со демонстрација на воените капацитети, а јужнокорејски претставници тврдат дека постои можност Пјонгјанг денеска по повод прославата на Денот на севернокорејската војска да изврши шеста нуклеарна проба.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2017 00:55