Еврото зајакна откако центристот Емануел Макрон освои најмногу гласови на претседателските избори во франција, со изгледи во вториот круг да ја победи кандидатката на десницата Марин Ле Пен.
Вредноста на еврото во еден момент се зголеми на 1,09 долари, највисоко ниво од ноември, од 1,0726 колку што беше во Њујорк во петокот.
Во момент на отворање на азиските берзи, еврото беше 1,0846 долари. Еврото зајакна во однос на јенот од 117,07 на 119,40.
Инвеститори во светот ги следеа изборите во Франција стравувајќи дека бранот популизам по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, и излегувањето на Велика Британија од ЕУ, може да значи и победа на антиевропската кандидатка и со тоа да ја доведе во прашање иднината на Унијата, јавуваат француски медиуми.