Предизборниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп, упати критики до телевизискиот канал Си-Ен-Ен дека одбил да емитува рекламен спот за постигнувањата на претседателот во првите 100 денови откако е на функција.

Според тимот, медиумот донел таква одлука поради тоа што „рекламниот спот противречи на нивната политика“.

Си-Ен-Ен соопшти дека побарале од тимот да отстрани дел од спотот во кој традиционалните медиуми се оквалификувани како лажни вести.

– Традиционалните медиуми не се лажни вести и поради таа причина рекламниот спот согласно политиката на медиумот, ќе биде прифатен само кога ќе се отстрани таа графичка формулација, наведува медиумот.

Спотот е со наслов „Америка ретко гледа таков успех“, и веќе се емитува на Фокс њуз и Фокс бизнис нетворк.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2017 10:56